четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 142
home Вести

Крај на долгогодишното игнорирање: Министерката Мизрахи ги увиде проблемите на Националниот сојуз за глуви и наглуви

Крај на долгогодишното игнорирање: Министерката Мизрахи ги увиде проблемите на Националниот сојуз за глуви и наглуви

Денеска остварив средба со поголемиот дел од членовите на Националниот сојуз за глуви и наглуви на Македонија. На средбата, која беше на иницијатива на здруженијата, се разговараше за проблемите со кои се соочуваат оваа категорија на граѓани.

Од нивна страна, исто така беше изразена голема благодарност за тоа што лично ги примив да ги слушнам нивните проблеми затоа што веќе неколку години, иако поднесувале повеќе барања за средби, истите не биле остварени.

Посочив дека ова Министерство е на сите граѓани на државата. Во рамките на сите мои надлежности им беше понудена помош за сите проблеми со кои се соочува оваа група на ѓрагани, напиша на Фејсбук техничкиот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Локални избори 2021