вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 160
home Вести

Рапорт од лице место: Од нов 27 април каков посакува Заев Македонија губи, СДСМ добива, народот обединет против капитулацијата

Рапорт од лице место: Од нов 27 април каков посакува Заев Македонија губи, СДСМ добива, народот обединет против капитулацијата

Очигледно дека настаните вчера пред Собранието беа увертира на смислено сценарио од власта за создавање на ситуација за нов 27 април. Проработеа инсталациите на власта, па одеднаш можеше да се забележат луѓе кои се појавија со знамиња од други држави, Јанко Бачев кој со руско знаме во рака се качи на транспарент, како и дузина насилници кои се провлекуваа низ толпата мирен народ кој по судирот со полицијата ги снема

Воедно можеа да се забележат и полицајци во цивилка помеѓу обичниот народ кој во одреден момент се приклучија на полицијата и земаа штит во раката и почнаа да удираат по насобраниот народ.

Дополнително, симптоматично е што организаторот на протестите ја повика масата народ пред Собранието наместо пред Владата која го потпиша капитулантскиот договор.

Зоран Заев посакува нов 27 април бидејќи единствено тој стана добитник со стариот, оној кој се случи во 2017-та година.

Останува дилемата дали сето ова е конфликт за канализирање и уништување на отпорот на народот кој се манифестира со демократски отпор и оцрнување на сите оние кои се противат на смена на името.

Најнови вести

Коронавирус