понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 166
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Рапидно расте бројот на заболени од грип во Македонија- лоши хигиенски услови има и во училиштата, надлежните молчат

Рапидно расте бројот на заболени од грип во Македонија- лоши хигиенски услови има и во училиштата, надлежните молчат

Рапидно расте бројот на заболени од грип во Македонија, додека власта и Министерството за здравство не преземаат ништо.

50-годишен човек е третата жртва на сезонскиот грип – кој од почетокот на месецов веќе зеде два животи. Човекот имал хронични болести и починал на институтот за пулмологија, каде бил на лекување. Според лекарите, неговото хронично заболување дополнително му ја влошило состојбата.

„Сите имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот“, рече д-р Гордана Кузмановска, која посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.

Граѓаните загрижени, сметаат здравствените власти не превземале доволно мерки, како би се заштитиле од грипот.

Додека бројот на заболени од грип нагло расте, комисијата за заразни болести одлучи –  нема епидемија,  учениците остануваат на училишните клупи, а посетата на болните останува забранета.

Инаку, Алфа дознава дека дел од наставниците кои работат во неколку скопски училишта  кои имале грип и биле со висока температура – од директорите добиле наредба како знаат и умеат да се вратат на работните места и покрај нивната лоша здравствена состојба.

Овие денови и група млади под хаштазите #НемаСапун / #SkaSapun започнаа онлајн кампања преку која ги обележуваат јавните училишта и факултети кои немаат сапун во тоалетите.

Веќе една недела на Твитер и Фејсбук граѓаните споделуваат фотографии и видеа во кои се посочени десетина училишта во Тетово, Скопје, Дебар, Куманово, Струга и Кичево кои немаат основни хигиенски средства.

-Можеме да се бориме против грипот и коронавирусот со сапун и вода, но #НемаСапун во Средното економско училиште „8-ми Септември“ во Тетово, напиша на Твитер, активистката Рита Бехадини, една од иницијаторките на онлајн кампањата.


Филипче молчи, а училиштата во Ѓорче Петров извор на грип и мрса

Во училиштата наместо да биде прекината наставата, а за градинките исто да се преземат соодветни мерки, се продолжува по старо, иако бројот на заболени е се поголем.

По одлуката дека само ќе се следи состојбата граѓаните револтирани. Жителите на Ѓорче Петров се загрижени бидејќи во оваа општина освен грипот има и други проблеми. Во оваа општина во градинките и училиштата не е единствен проблем грипот.

Во градинката Росица ја има бактеријата мрса, во училиштето Мирче Ацев инфективна мононуклеоза.

-Замислете каде ги праќаме децата во градинка и во училиште. Таму нема основна хигиена, вели загрижено родите на дете од училиштето Мирче Ацев.

Мрсата е бактерија која ако успее да навлезе во телото, и тоа најчесто преку исекотини или други рани и таму почне да се размножува, ќе предизвика инфекција пратена со различни симптоми зависно од местото на инфекцијата. Може да се манифестира како инфекција на кожата (пратена со мозолчиња и чиреви), воспаление на белите дробови па се до сепса.

Инфективната мононуклеоза, која се нарекува и „болест на бакнувањето“, е заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус во околу 90% случаи. Кај заразените деца, инфекцијата може да помине без симптоми. Кај заразените возрасни вирусот ќе ги предизвика од следниве симптоми во 25-75% случаи: повишена телесна температура, зголемени лимфни јазли и воспалено грло.

Поради целата оваа ситуација граѓаните на Ѓорче Петров се огласија и на социјалните мрежи.

-Да се преземе нешто со епидемијата од грип која владее во градинките и училиштата во Ѓорче Петров. Не знам зошто се молчи до таа мера, кога евидентно е дека половина класови се отсутни од настава, а групите во градинките се скоро па доведени на минимум. Зошто се инсистира на настава по секоја цена ?Зарем треба да се повтори случајот со ОУ Страшо Пинџур во Даме Груев кога се прогласи епидемија на жолтица ? Кружи шпекулација дека во градинката Росица во Хром се појавила мрса. Апелираме до надлежните институции и одговорните раководители веднаш да преземат мерки додека не е предоцна!

Да се повикаат родителски средби и совети на родители, а не да се бега од оваа тема! Не може да се одржи стабилна состојбата кога воопшто не се внимава на примарното здравство ниту на превенцијата на епидемијата од грип, кога во овие установи нема ни елементарни услови за хигиена,а ние како родители собираме пари за сапун! Нека се преземат мерки додека не е предоцна!, се вели во апелот објавен на Фејсбук страна на организирани граѓани од општината.

Коронавирус