сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Рангелова: Промената треба да почне денес токму од Мила Царовска

Рангелова: Промената треба да почне денес токму од Мила Царовска

На денешната седница за гласање на доверба на владата, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова истакна дека министерувањето на Мила Царовска е гол популизам.

-Промената треба да тргне токму од неа, додаде Рангелова.

Рангелова спомена низа на скандали на Царовска и напомена дека таа е позната по многу манипулации и прес конференции, малку работа и немање чист образ и совест.

Според Рангелова најголема причина зошто Царовска треба да си даде оставка е ужасот кој се случи во Домот за штитеници „25 Мај“.

-За жал Mила Царовска и нејзиното владеење им ја одзема насмевката на 3 девојчиња од домот „25 Мај“. Денес треба да си одите бидејќи дозволивте три девојчиња од „25 Мај“ да бидат силувани, вели таа.

Пратеничката забележа дека народните кујни не работат бидејќи немало назначено лице ја јавни набавки.

-Во кампања ветивте дека два пати ќе ги зголемувате пензиите и уште еднаш вонредно пред крајот на годината. Покачување на пензијата нема, истакна таа.

Рангелова забележа и дека оние кои земаат минимална плата ги враќаат парите кои ги земаат на сопствениците, а во некои фабрики се прават списоци за еднаш во денот жените да можат да ги исполнат основни физиолошки потреби.

Коронавирус