четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 153
home Вести

Рангелова и делегација од ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар помеѓу верниците во црквата Успение на Пресвета Богородица

Рангелова и делегација од ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар помеѓу верниците во црквата Успение на Пресвета Богородица

По повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), Претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – Даниела Рангелова, заедно со Потсекретарот Игор Павлевски, Претседателот на ОК Центар – Гане Петров и членови на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваа на свечената литургија.

-Нека денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, празникот на мајката Божја ни биде показател за улогата на жената во секое семејство, особено мајчинската љубов и посветеност кон нејзините чеда. Да го чествуваме овој голем празник, да ја чествуваме мајката која со вера и љубов се вознесе на небото! На сите православни христијани им посакувам многу здравје, среќа, мир и благосостојба, порача претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова.

Од Унијата на жени и од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар, истакнаа дека и во наредниот период ќе продолжат да бидат помеѓу граѓаните и дека негувањето на религијата и традиционалните вредности остануваат да бидат едни од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија.

Коронавирус