четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 114
home Вести

„Рамниот данок во првите 100 дена од владата ќе го намалиме“

„Рамниот данок во првите 100 дена од владата ќе го намалиме“

Вечерва на ТВ Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ се предвидува дека во првите 100 дена ќе се воспостави рамниот данок и кој што во првата година ќе се намали на 9%, а наредната година ќе се намали и на 8%, се со цел да се воспостави поволна економска клима во Република Македонија.

-Во првите 100 дена рековме дека ќе донесеме нов закон со кој што ќе го намалиме рамниот данок за еден во нето односно номинала 10% и ќе биде 9%. А, потоа на почетокот на третата година практично ќе биде намален за дополнително уште еден процент и ќе биде 8%, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во согласност со сите мерки и проекти кои што ги има ВМРО-ДПМНЕ во програмата ќе се намали сивата економија, која што во моментов е фантастични 37% според Светска Банка, а Европскиот просек е помеѓу 15 и 20. Второ што исто така се зацрта како цел е да се врати Република Македонија на листата на „Дуинг Бизнис“ во првите 10, а не сега како што континуирано паѓа од година во година.

Коронавирус