вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Рамиз Мерко си заработи кривична пријава?

Рамиз Мерко си заработи кривична пријава?

Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко под лупа на антикорупциска комисија. Антикорупционерите го повикаа ОЈО кривично да го гони Мерко бидејќи ја злоупотребил својата службена положба кој нескромно си овозможил луксузен автомобил марка „ Ауди 6“ чија вредност изнесува 66.700 евра свесно знаејќи дека општинскиот долг изнесува околу 4 милиони евра.

Мерко покрај луксузниот Ауди 6 при набавката купил уште 3 возила за што платил вкупно 115 илјади евра. Антикорупционерите за ваквите барања за кривична одговорностс се повикаа на ревизорски извештаи за финансиско работење на општините во кој се наведени голем број нерегуларности. Дополнително побараа од Судскиот совет да ја преиспита работата на струшкиот суд поради одлуките кои ги донел во полза на градоначалникот Рамиз Мерко.

Mерко пред камерите на ТВ24 уште во време непосредно по набавката тврдеше дека автомобилот е потребен на општината.

Луксузниот автомобил на Мерко според антикорупционерите, бил набавен со специјални барања: кожен волан со аудио команди, сензор за дожд, автоматско затемнување на внатрешниот ретровизор, алуминиумски тркала, фабрички вграден навигациски систем, а седишатата делумно или целосно да бидат од кожа и друго. Камерите на ТВ 24 го регистрираа луксузот во автомобилот на Мерко.

Денеска покрај барањата за кривична одговорност на градоначалникот Рамиз Мерко, антикорупционерите отоворија случај и за набвакатана изборни материјали во ДИК, и за вработување во општинта Центар – со индиција за непотизам.

За директорот на студентскиот дом Томе Стефановски – Сениќ ќе се бара кривична одговорност поради несовесно работење, а ќе се испитува и дали сметката во странство на која Владата му исплаќа пари на владиниот советник, Љупчо Зафировски е незаконски отворена.

извор: 24.mk

 

Коронавирус