недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 74
home Вести

Рамчиловиќ: Со отфрлувањето на амандманите СДСМ прави штета врз научно- истражувачката дејност од национално значење

Рамчиловиќ: Со отфрлувањето на амандманите СДСМ прави штета врз научно- истражувачката дејност од национално значење

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека високото образование, особено научно – истражувачката дејност на јавните научни установи не е приоритет на СДСМ.

-Со отфрлањето на амандманите и забелешките за подобрување на статусот на јавните установи СДСМ не му прави штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку прави штета врз научно – истражувачката дејност од национално значење за Република Македонија. Прави штета на јавните научни установи од национален карактер: Институт за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Институт за фолклор „Марко Цепенков” и Институт за македонска литература, изјави на прес Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Рамчиловиќ вели дека со овој предлог-закон се генерализира статусот на сите институти и во крајно неповолна положба се доведуваат токму институтите од национален карактер.

-Иако во Законот за научно – истражувачка дејност од 2008 година и со последната измена и дополнување од 2016 година, во чл. 61 јасно е наведено кои институти остануваат да работат како јавни научни установи, а кои се должни да се припојат на универзитет, а во Законот за високо образование се остава можноста научните институти да вршат настава во втор и трет циклус студии. Исто така, на лицата со научни звања им е дадена можноста да изведуваат настава во соодветната област во сите три циклуси на високото образование, изјави Рамчиловиќ

Тој вели дека за жал во текстот што сега го нуди Владата на СДСМ, професорите од јавните научни установи според член 161 ќе можат да изведуваат настава само на втор и трет циклус на студии, односно професорите од јавните научни институти своето искуство и знаење нема да можат да им го пренесат и на студентите во прв циклус студии.

-Исто така се нуди неповолно решение јавните научни установи од национален интерес чиј основач е Владата на Република Македонија да се третираат само како придружни членки на еден универзитет и тоа во соработка само со единица на универзитет според член 23, без притоа да се води сметка дека овие установи треба да ја остваруваат својата функција на ниво на целата територија на Република Македонија, односно да имаат посебни договори за соработка со сите државни универзитети, потенцирам со универзитет, а не само со единица на универзитет како што сега предвидува Законот за Високо образование на СДСМ и на тој начин не дозволија да се помогне од наша страна во унапредувањето на високото образование, особено во делот на националните дисциплини на кои што работат токму институтите и тоа за историја, јазик, литература, фолклор, изјави Рамчиловиќ.