вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 16
home Вести

Рамчиловиќ ја напушта осумката, излегува од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Рамчиловиќ ја напушта осумката, излегува од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ ја напушти независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и веќе дејствува како независен пратеник. За својата одлука пратеникот го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Фокус“ стапи во контакт со пратеникот Рамчиловиќ, кој им ја потврди информација, но најави дека изјава за јавноста ќе даде по завршување на собраниската седница.

Рамчиловиќ доаѓа од партијата Здружение за културно обединување на Бошњаците, а потоа стана дел од осумте пратеници, од кои повеќето се отцепија од ВМРО-ДПМНЕ.