среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ралповски: Власта нема слух за нашите предлози, ние децидно сме против транфер на лица од јавниот во приватниот сектор

Ралповски: Власта нема слух за нашите предлози, ние децидно сме против транфер на лица од јавниот во приватниот сектор

Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати КСС при гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа посочи дека тие како конфедерација јасно и децидно порачале дека се против транферот на вработените од јавниот во приватниот сектор, како и дека дале неколку предлози до министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски каде што им било ветено дека нивните предлози ќе бидат ставени на јавна дебата, но како што рече Ралповски до сега нема ништо од тоа.

Ние излеговме на неколку протести овие две години и секаде децидно кажуваме дека сме против на транферот од јавен во приватен сектор, дадовме некои предлози каде и како може да се реши тој проблем. министерот кажа дека нашите предложи ќе бидат дадени и поставени на јавни дебати но еве до сега не гледаме дека е така, вели Ралповски.