четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 16
home Вести

Ралповски: Јавниот сектор во моментов е социјално загрозена категорија

Ралповски: Јавниот сектор во моментов е социјално загрозена категорија

Претседателот на Конференцијата на слободни синдикати Благоја Ралповски во гостување на Алфа телевизија, во емисија „Алфаскоп“, по вчерашниот масовен протест истакна дека јавниот сектор во моментот во Македонија е заборавен, понижен и е една социјална категорија, а владата треба да го разбере тоа.

Според Ралповски доколку владата вети просечна плата од 500 евра, платите во јавниот сектор требаше одамна да почне да ги зголемува, во моментов просечната плата во јавната администрација изнесува 18 илјади денари.

Токму поради тоа паролата на протестот кој се одржа вчера била „Во пет минути до 12 часот“, бидејќи времето истекува за пронаоѓање решение за постигнување на таргетот на владата од петстотини евра просечна плата.

Покрај барањата за повисоки плати кои СДСМ ги веруваше во предизборието, КСС бара и исплаќање на К 15 како и продолжување на породилното, кое исто така беше едно од предизборните ветувања на СДСМ.

Ралповски вели дека барањето за продолжување на породилното од 9 на 12 месеци е според препораките на светската здравствена организација бидејќи со продолжувањето на доењето се подобрува здравјето на децата, а кај мајките се намалува ризикот од рак на дојката.

Имено, Ралповски говореше и за притисоците кои ги претрпува синдикатот како и тој лично.

Станувало збор за отпуштања од работа на синдикални лидери, деградирање на истите, упади во синдикални организации на КСС.

Меѓу другото имало и закани и притисоци членовите на синдикатите да го напуштат синдикатот, а претседателот на КСС вели оти очигледно е на кого му пречат односно синдикатите секој пат и пречат на власта.

Коронавирус