недела, 19. септември 2021. Вести денес: 15
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Рафали од автоматски пушки, “дожд“ од куршуми над Скопје

Рафали од автоматски пушки, “дожд“  од куршуми над Скопје

Рафали од автоматски пушки, пукање со пиштол станаа секојдневие на Скопјани.

Повеќе од два месеци граѓаните на Скопје живеат во страв и паника и стравуваат за своите животи од “дождот“ од куршуми кои секојдневно се случува во главниот град.

Се пука на свадби, семејни веселби, рафали се слушаат од Арачиново, Сарај, Сингилиќ, Бутел, Чаир… а МВР се уште нема прекинато ниту една ваква прослава, а ниту пак некој завршил зад решетки поради ова кривично дело.

Имено пукање на веселби со огнено оружје е кривично дело според член 288 од ЗКП на РСМ, паричната казна за ова дело е од 200 до 500 евра во денарска противредност, но предвидува и затворска казна од една до пет години затвор, зависно од последиците при пукањето.

Редакцијата на КУРИР испрати прашања до МВР.

Побаравме информации за тоа колку автоматски, полуавтоматски пушки и пиштоли се запленети во последните два месеци на територијата на Скопје и скопско, колку лица се уапсени, и каква е стратегијата на МВР за следните пет години за пронаоѓање на нелегално оружје?

Од министерството за внатрешни работи не добивме конкретен одговор на ниту едно прашање:

– Во периодот јануари-јуни 2021 на територијата на државата зголемен е бројот на откриени кривични дела, во однос на истиот период од минатата година, при што зголемена е и вкупната количина на заплените со оружје и муниција. Во оваа насока, во периодот јануари – јуни 2021 година, во оваа област се откриени 77 кривични дела, за што кривично се пријавени вкупно 84 сторители, а во рамките на наведените случаи, запленети се 66 парчиња оружје, 18.434 парчиња муниција. МВР во координација со локалните власти презема и превентивни активности за спречување на појавата на пукање со огнено оружје на семејни веселби/свадби. Се одржуваат работни средби со претставници на општинските совети и градоначалниците, со цел заеднички да се делува на подигање на јавната свест кај населението за оваа појава може да предизвика  тешки последици и ваквите активности на МВР ќе продолжат и во наредниот период. Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува апел до сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31). Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик). СВР Скопје презема мерки и активности согласно Националната стартегија за контрола на мало и лесно оружје и Акционен план 2017 – 2021, но и во сопствената Контролна стратегија за 2021 година ја дефинира недозволената трговија со оружје како еден од приоритетите за работа и редовно презема мерки и активности согласно Закон, при што интензивиран е проактивниот пристап во работењето, како и координираното и насочено преземање на мерки и активности за утврдување и идентификацијата на недозволената трговија со оружје, преку Планови за преземање мерки и активности со цел фаќање и спречување на сторители во вршење на кривични дела, се вели во одговорот на МВР.

Сведоци сме изминативе години дека зрната од куршумите завршуваа во нечии дворови, коли, но завршуваа и во човечки тела.

Отука јавно прашуваме, дали Оливер Спасовски ќе почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните?

Коронавирус