вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 144
home Вести

Рафајловски: Ако се даваат еднократни ваучери на граѓаните, а не се помогне на стопанството тоа ќе води до дополнително губење на работни места

Рафајловски: Ако се даваат еднократни ваучери на граѓаните, а не се помогне на стопанството тоа ќе води до дополнително губење на работни места

Владата ги даде парите на граѓаните во ваучери. Од ваучерите се искористија само 38 проценти, а требаше за помо да се дата пари во туризмот и угостителството, значи подобро да се дадеа пари на стопанството, рече стопанственикот Горан Рафајловски на дебатата на телевизија Телма во емисијата Топ тема на која учествуваше и Данела Арсовска, претседтел на Сојузот на стопански комори.

-Ако се дадат пари на стопанството, стоапснтвото кога ќе се создадат услови ќе ги врати. Потребна е стратегија каде требаат пари, да се дадат кредити, а половина година од стартот на кризтата не се прави ништо, освен некои ситни работи кои не го развижуваат, не му помагаат на стопанството, рече Рафајловски.

Според Рафајловски важно е да има движење во економијата.

– Не е важно кој колку е должен, туку дали може да се сервисираат долговите и од таа причина на стопанството ќе треба да му се помогне со сериозна количина на пари, и ако не го направат тоа, и ако помагаат на граѓаните, тоа е толку краткотрајно што ќе води до дополнително губење на работни места, укажува Рафајловски.

Коронавирус