петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 142
home Вести

Радев: Бугарија прави се што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“

Радев: Бугарија прави се што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“

Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, јави дописникот на МИА во Софија.

-Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се што е неопходно за лекување и за откривање на причините за тие два тешки инциденти, изјави бугарскиот претседател Радев.

Тој изрази надеж дека повредените во несреќата ќе закрепнат што е можно побрзо. Според Радев, има многу дејствија за идентификација на загинатите, по нивното пренесување. (МИА)

Коронавирус