понеделник, 27. септември 2021. Вести денес: 196
home Вести

Радарите активирани: Казнети 93 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Радарите активирани: Казнети 93 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Вчера (30.07.) од 14 до 20 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 93 возачи.

Од МВР информираат дека 15 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од Министерството.

Коронавирус