петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Работниците како никогаш досега понижени, а власта врши прогон врз синдикалните лидери за да не се наруши блескањето на Заев

Работниците како никогаш досега понижени, а власта врши прогон врз синдикалните лидери за да не се наруши блескањето на Заев

Прогон и уцени на власта врз синдикалнитте лидери во институциите, преместувања и отпуштања од работа и обид за растурање на синдикалното организирање, тоа е страшната реалност која се случува во Македонија.

Работниците во земјава како никогаш досега се деградирани и понижени, голем дел остануваат без плата, не ги добиваат парите кои владата како помош им ги исплаќа на нивните работодавци, а огромна бројка од 60.000, само за една година останаа без работа.

Работниците се доведени на работ на преживување, сиромаштијата се зголемува, а власта говори за блескање и за најдобрата економска ситуација иако земјава е во рецесија и повеќе од една година во криза.

Се фалат со зголемување на просечната плата, притоа криејќи колку работници останаа без работа. Факт е дека просечната плата се креира вештачки, кога 60.000 работници со минимална плата останале без работа. Логично е да порасне просечната кога останале на работа тие со повисоки плати. Тоа е таа вештачка слика која власта сака да ја создаде, па оттаму и уцените и заканите врз работниците и синдикалните лидери.

Никој не смее да ја наруши розевата слика за македонската економија и стопанство.

Оваа страшна реалност за македонските работници ја откри и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски во очи на денешниот протест на синдикатот.

-Имаме прогон на синдикални лидери, имаме атак врз синдикалното организирање, се повеќе наши членови се деградираат, се отпуштаат од работа и има големи обиди да се растури синдикалното организирање со уцени, од страна на власта, именувани и избрани луѓе од оваа влада на Македонија. Немаме социјален дијалог во земјава, тој е на најниско ниво откако постои Македонија. Работничките права се на најниско ниво, изјави Ралповски за Топ Тема на Телма.

Тој како пример за таква тортура го даде синдикалниот лидер на КПУ затвор Скопје или познат како Шутка, кој бил преместен во друга установа само затоа што застанал во одбрана на правата на вработените. И притоа сето тоа е направено спротивно на Законот за спроведување на санкции.

Тој во емисијата ги демаскираше и популистичките мерки на владата како што се минималната плата која порасна минимално од 1,7% во услови кога инфлацијата е 2%, но и неработната недела за која власта викаше дека ќе биде неработна за сите, а на крајот испадна дека ќе работат 38 дејности пропратени со уште толку придружни и помошни. Но, откри и дека, власта никако не им помага на работниците кои не земаат плата иако нивните работодавци зеле помош, работниците останати без пари, а работодавачите неказнети.

-Работодавачите, дел од нив исплатиле еден денар, а дел помалку од тоа што земале или па ич. Дали има одговорност тука и дали некој од нив побарал одговорност? Гледаме по медиумите во Америка тие што не ги исплатиле парите од државната помош, по три години затвор добиле. Кај нас не знаеме кои се тие работодавачи кои ја земаат таа помош, потенцираше Ралповски за Топ Тема.

Токму во таа насока е и денешниот протест кој на власта не одговара, бидејќи ја открива црната и страна слика која им се случува на работниците, кои не знаат како да преживеат, а тоа не му одговара на блескањето на премиерот Зоран Заев.

Коронавирус