среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Работници да не се отпуштаат! Фирми кои добивале милионски тендери од државата не смеат да отпуштат работници при најмала криза

Работници да не се отпуштаат! Фирми кои добивале милионски тендери од државата не смеат да отпуштат работници при најмала криза

РАБОТНИЦИ ДА НЕ СЕ ОТПУШТААТ! ФИРМИ СО МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ОД ДРЖАВАТА ДА НЕ ОТПУШТАТ РАБОТНИЦИ ПРИ МАЛА КРИЗА!, вели членот на ИК на Унија на жени, Ели Панова.

-Струмица и регионот покрај своите бројни кадри во централната власт е погодена со бранот отпуштања кои деновиве се случуваат низ цела Македонија, па голем број засегнати оправдано реагираат.
Ова е резултат на доцнењето на Владата со презимање на мерки, па бројот на невработени се зголемува секој ден.
Се разбира за тоа не се виновни ниту работодавачите, ниту вработените.
Работодавачите инвестирале, изградиле објекти, ги опремиле, набавиле роба, вработиле луѓе кои прехрануваат семејства, но доаѓаат во безизлезна ситуација… Секој ден без работа за нивните компании значи огромна загуба!
Без навремени мерки од владата и нивните семејства може да останат без основните приходи.
Од друга страна се вработените кои прехрануваат семејства, се борат за своите права без пристап на инспекција за труд, со откази или без потпишани спогодби, без денар за опстанок на семејствата.
Буквално ставени во безизлезна ситуација.
Додека некој се фали со наводна хуманост, донирајки под список има семејства кои не се навикнати или не знаат како да примаат помош, или каде да молат за помош, без денар заштеда, оставени на раб на сиромаштија и, не сите можат да дојдат пред вашата порта и да молат за 500 денари помош!
Сакам да апелирам до работодавачите: ИЗДРЖЕТЕ обидете се да не отпуштите ниту еден од вработените.
Секојдневно ни бараат помош и работодавачи и работници, па во оваа прилика ќе искористам да упатам најголем апел до Владата: РЕАГИРАЈТЕ час поскоро со вистински мерки за економијата, работодавачите и фирмите.
Ова е ледена топка која се тркала по планина и се зголемува.
Бројот на невработени ќе расте од час во час.
Прифатете ја на пример понудената мерка од 50% бруто плата!
Ако вашите мерки не се добри и не се прифатени од фирми кои добиле од Владата илјадници евра во последните неколку месеци и отпуштат вработени, тогаш како да бидат добродојдени од фирми кои и до сега едвај исплаќаа плати?
Секоја криза носи нова шанса, ама за оној што има многу пари, бидејќи туѓите бизниси во криза- се лесен плен!
Инспекции излезете на терен!
Охрабрете се, проверете ги сите отпуштања и заштитете ги работниците!
Да остане во нас човечното! Скоро ќе дојде ден кога пак ќе треба да се погледнеме во очи, и да си ја кажеме вистината!, пишува Панова на Фејсбук.

Коронавирус