среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 157
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

Работилница: Најтешко се добива одговор како се трошат јавните пари

Иако се подобрува пристапот до информациите од јавен карактер, локалните институции остануваат прв проблем. Најчесто се избегнува одговорот каде и како се трошат јавните пари, беше речено на едукативната работилница во Прилеп што ја организира Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Според Пламенка Бојчева, директорка на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер најголеми баратели се невладините организации, а најмалку граѓаните кои, според анкетите, не си ги знаат доволно правата.

Анкетите досега покажаа дека граѓаните не го знаат правото за пристап до информациите од јавен карактер. Најчесто бараат информации за нивни лични предмети кои се водат пред институциите. Апелираме до граѓаните своите права да си ги бараат со материјалните закони кои ја регулираат соодветната материја. Сметаме дека така ќе се постигнат подобри резултати. Целта на денешнава средба со граѓаните во Прилеп е да ги запознаеме со нивното право за пристап до информациите од јавен карактер, изјави Бојческа.

Рокот за да се добие информација од јавен карактер е веднаш или до 20 дена. Лани Агенцијата повела 342 прекршочни постапки.

-Агенцијата сериозно ги сфаќа прекршочните одредби во Законот за пристап до информациите од јавен карактер. Само за пример, минатата година спроведовме 342 прекршочни постапки за службени лица кои го ограничуваат правото до информациите од јавен карактер. Меѓу прекршителите се кокални самоуправи, општините Охрид и Струга, во делот на животната средина, здравствени иснтитуции кои, пак, поради корона ситуацијата беа позатворени. За службените лица казната е 250 евра, а за одговорните 500 евра, вели Бојческа.

Весна Шапкоски од невладината „Станица П.Е.Т.“ од Прилеп вели дека никогаш не добиле информација „од прво“, а најтешко се доаѓа до информацијата како се трошат јавните пари.

-Како локална организација, годишно имаме 50-тина барања до пристап на информации од јавен карактер, од кои најголемиот дел се до локални институции. на локално ниво е потежок пристапот до информации од јавен карактер, податоците полесно се добиваат кај централните институции. кај локалните институции чест е одговорот дека тие немаат такви подтоци какви што бараме. А кога ќе почнеме усно да с еобјаснуваме, произлегува дека тие всушност го имаат податокот. најтешко им е да го дадат одговорот за трошењето на јавните пари. Генерално, на локалните институции им треба подобро запознавање со процесот на давање информации од јавен карактер. генерално, никогаш на прво не сме ги добиле информациите, или треба дополнително да објаснеме кој податок ни е потребен, или рокот се пречекорува, па со жалба до Агенцијата им е наложено да ги дадат податоците. Граѓаните се жалаат на недостапност на информации, пред сѐ, со трошењето на јавните пари, смета Шапкоски.

Годишно се поднесуваат 5 000 до 6 000 барања.

Според Герман Филков од Центарот за комуникации, за да се стигне до информацијата треба упорност и граѓаните да се охрабрат.

-Како баратели на информации, поднесуваме околу 1000 барања годишно. Искуството е различно, од институција до институција. Генерално, институциите стануваат поотворени кон барањата за слободен пристап, но морам да кажам дека поотворени се кон невладиниот сектор, а позатворени кон медиумите и граѓаните, веројатно станува збор за некоја навика или практика. Имаме институции кои одговараат за ден-два, а други го чекаат последниот рок од 20 дена, а има и кои не одговараат и по 60 дена. Затоа вложуваме жалби во Агенцијата за слободен пристап до информациите. Според нашето искуство, кога ќе се поднесе барање, да се контактира институцијата, да не се чека на нивната „добра волја“ за ако сакаме сигурно да ја добиеме информацијата. Ги охрабрувам граѓаните да бараат информации, зашто треба да запаметиме дека тие информации се наши, граѓаните се сопственици на јавните информации, изјави Филков.

Работилницата се одржа во рамки на ИПА2 проектот „Транспаретност и отчетност на јавната администрација“, финансиран од ЕУ.

Коронавирус