четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 100
home Вести

Пуштени во оптек колекционерските сребрени пари „Риби“ и „Овен“

Пуштени во оптек колекционерските сребрени пари „Риби“ и „Овен“

Ковани пари за колекционерски цели „Риби“ и „Овен“ од серијата „Хороскопски знаци“ се изработени и пуштени во оптек, соопштија денеска од Народната банка на Република Македонија. Цената на парите изнесува 2.800 денари.

Кованите пари се изработени од сребро Ag925, со тежина од 23.30 грама, чистота на среброто од 19.43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18.4 х 6.1 мм.

Парите за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Најнови вести

Коронавирус