недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Пукање кај штабот на ДУИ

Пукање кај штабот на ДУИ

Синоќа околу 23 часот на улицата „Гоце Делчев“ во населбата Воска во Охрид пукано е со огнено оружје во близина на штабот на партијата ДУИ кој е лоциран на оваа улица.

Според првите непотврдени информации пукано е од автомобил во движење, а во настанот оштетено е едно возило со охридски регистарски ознаки. Според непотврдени информации возилото било на случаен минувач и е подигнато за понатамошно вештачење.

Неколку мигови потоа се чуле истрели и блиску до куќата каде живее советникот Нефи Усеини , кој е и прв човек на ДУИ во Охрид.

Полицијата ја блокира улицата Гоце Делчев и вршеше увид на местото на настанот до раните утрински часови.

Коронавирус