сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 55
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Пу, пу, не важи! Заев: Не ја предложив Русковска за шеф на новото обвинителство (ВИДЕО)

Пу, пу, не важи! Заев: Не ја предложив Русковска за шеф на новото обвинителство (ВИДЕО)

Не ја предложив Вилма Рускоска за шеф на новото обвинителство, рече на денешната прес-коференција премиерот Зоран Заев.

– Не ја предложив Вилма Рускоска за шеф, само кажав кој сега раководи со обвинителството – рече Заев во одговор на новинарско прашање од новинарот на српска Политика околу неговата најава на претходната прес конференција, на која изјави дека СЈО ќе влезе во постоечкото ЈО и ќе биде под раководство на Вилма Рускоска.

-Како вие како премиер ја назначувате Вилма Рускоска за шефица на идното СЈО, кога вие не раководите со обвинителството, праша новинарот.

Заев објасни дека има процес и процедура, односно дека изборот се прави на конкурс преку Советот на обвинители. Заев повтори дека со предлог-законот за ЈО е прифатено решението што го предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, Специјалното јавно обвинителство да се стави под Основното јавно обвинителство.

Еве ја изјавата на Заев во видео преземено од ТВ Ал сат:

Еве ја неговата изјава во видео од прилог на ТВ Сител од 19 јули, каде некаде околу 1.17 минути Заев кажува дека „новото ЈО за организиран криминал и висока корупција ќе биде водено од обвинителката Вилма Рускокса која и сега има мандат…“.

Коронавирус