недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 25
home Вести

„Прво што ќе го направам како премиер, ќе ги намалам даноците и ќе се откажам од привилегиите“

„Прво што ќе го направам како премиер, ќе ги намалам даноците и ќе се откажам од привилегиите“

Како претседател на владата на Македонија првата  работа што ќе ја направам е да се откажам од многу привилегии којшто како премиери ги има, можам и таксативно да ви ги набројам, а во делот од економијата прво што ќе направиме ќе го вратиме рамниот данок. Тоа е она што ќе го направиме првата година, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“.

Во своето интервју Мицоски запрашан дали размислувал да се намали бројот на вицепремиери и да има еден вицепремиер, тој одговори:

Постои внатрепартиска дебата посебно во делот на вицепремиер за економски прашања бидејќи некако таа позиција кумулира голема моќ, а во суштина без никакви одговорности. Најчесто се прават експериментални политики коишто немаат никаков резултат, а на сметка на тоа министерството за економија да добие поголема тежина, па дури одиме до таму во иднина да тоа се подели на две помали министерстваминистерство коешто ќе третира прашања од областа на минералните  суровини и енергетиката, а другото да  биде министерство за трговија, индустрија и раст. Тие две министерства да бидат практично замена на сегашните позиции  вицепремиер за економски прашања и министерството за економија.

Коронавирус