петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Вести

Првите двајца пациенти пренесени од „Пирогов“ денеска ќе бидат испишани од болница

Првите двајца пациенти пренесени од „Пирогов“ денеска ќе бидат испишани од болница

Двајцата хоспитализирани пациенти, кои беа повредени во несреќата со македонскиот автобус во Бугарија, а кои по лекувањето во болницата „Пирогов“ во Софија беа пренесени на Клиниката за пластична хирургија, денеска ќе бидат испишани на домашно лекување.

-Тие се во добра здравствена состојба, ќе продолжи третманот во делот на психилошката поддршка. Денеска ќе стигнат уште тројца пациенти. Едниот е веќе тргнат, другите двајца ќе тргнат во попладневните часови и ќе стигнат подоцна вечерва. Добро се чувствуваат, можат да издржат транспорт. Добро се чувствува и оперираниот пациент, тој веќе е вертикализиран и почнува да оди, истакна Филипче.

Во тешката автобуска несреќа која се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија, по опожарување на автобус животот го загубија 45 лица, а седуммина беа повредени. Во трагедијата загинаа 12 деца. Лицата се враќаа од екскурзија во Инстанбул.

Надлежните органи во Бугарија продолжуваат со истрагата и точното утврдување на причините за несреќата.

Коронавирус