петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 155
home Вести

Првите дози од вакцините против Ковид во земјава ќе стигнат во февруари

Првите дози од вакцините против Ковид во земјава ќе стигнат во февруари

Македонија во февруари ги добива првите дози на вакцината Фајзер. Министерството за здравство информираше дека попладнево бил постигнат директен договор со компанијата, а количина што првично ќе биде доставена ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер потоа ќе пристигнат во март и април. Претходно, во јануари се очекуваат и фрижидерите за нивно соодветно складирање, по што домашниот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата.

Инаку, моментално има опаѓање на новозаразени, хоспитализирани и починати пациенти од коронавирусот. Филипче очекува ваквкиот тренд да продолжи до пролет, а тогаш со вакцинацијата да се стекне колективен имунитет. Министерот за здравство ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за време на празниците. Во спротивно, здравствениот систем е подготвен за нов пик заразени. Филипче, новата 2021 година ќе ја дочека дома.

„Во кругот на семејството, така како што сега сите треба да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со коишто нема да дозволиме ситацуијата да се влоши. Така што апсолутно би сакал да бидам пример за сите граѓани.“

Моментално на Инфективната клиника има околу 30 слободни крвети, а на интерните клиники стотина места за хоспитализација на пациенти заразени од кронавирусот.

Коронавирус