петок, 25. септември 2020. Вести денес: 143
home Вести

„Првиот капитален проект на градоначалникот Димитриевски- масакр на повеќе од 60 диви зајаци“

„Првиот капитален проект на градоначалникот Димитриевски- масакр на повеќе од 60 диви зајаци“

Овие денови на социјалните мрежи кружи фотографија на која градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е фотографиран со десетици зајаци усмртени при лов во кој учествувал тој. Како и претходниот скандал кога неколку поранешни политичари се пофалија со својот лов на Јасен, така и оваа фотографија предизвика низа негативни коментари во јавноста.

Интересно е што Максим Димитриевски пред извесен период имаше изјава, која според Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, го покажува целото негово лицемерие, а како што вели тој тоа е и една од главните одлики на СДСМ.

-Согласно законските решенија ние имаме обврска да ги заловуваме и пуштаме на местото од каде се заловени. Ова е сериозен проблем во Македонија којшто Општина Куманово не може да го реши и единствено со организирани акции со помош на државата може да се справи со овој проблем. Сепак, се работи за живот без разлика дали е тоа живот човек или живот на кученце, маче или било кое друго животно, треба да покажеме хуманост, изјави пред некое време градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Божиновски во својот Фејсбук статус вели дека кумановчани го дочекале првиот „капиталец“ на градоначалникот Димитриевски, првиот негов капитален проект- масакр на повеќе од 60 диви зајаци.

-Максо, вака ли ја перцепираш хуманоста?! Или воопшто не ти е важно да кореспондира тоа што ќе го изјавиш со тоа што всушност го правиш? Кој е всушност вистинскиот Максо, оној што ќе каже нешто колку само да се каже за дневна употреба или оној што се впушта во крвава “журка” со недолжни животни, како неговите сопартијци во резерватот “Јасен”?!, прашува Божиновски во својот Фејсбук статус.

Божиновски продолжува со порака до Димитриевски, дека е крајно време да се зафати со работа за која ја има добиено довербата од кумановчани, дека се потребни проекти и нивна конечна реализација, дека нема бегање од обврските кои самиот ги прифатил и ветил пред граѓаните на Куманово. Божиновски му порачува и дека ВМРО-ДПМНЕ цело време „ќе му дише во врат“ и ќе го потсетува на тоа.

– Одамна заврши твојот “меден месец” во градоначалничката фотеља, доста е веќе од “парадирање” и сликање на градежните инфраструктурни зафати (поточно – инфраструктурни прикрпувања), наследени од твојот претходник, рекламирање на обновувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација (што е тековна обврска), “цртање” на паркинг места и фалење дека со тоа е зголемена сообраќајната култура … (?!). Ако тоа ти беше доволно за да фатиш малку “залет” во својата функција и уште малку да си ja Boost-ираш својотa Facebook страница, ајде нека ти биде, ама доста е веќе, пишува Божиновски.

Божиновски порачува и Куманово е желно за дела и подобро утре, но дека тоа оди тешко.

-Максим целосно се вклопи во сивилото и безидејност на неговата Влада, или поточно неговата #ЌеВлада – ќе направиме ова, ќе направиме она … а во реалноста ги имаме граѓаните кои со секој нареден ден се се повеќе разочарани и зачудени за кого го дадоа својот глас и доверба, пишува Божиновски.

На крај Божиновски го прашува градоначалникот дали навистина бил сериозен со најавениот проект за изградба на споменик на една странска компанија која вработува кумановчани во воените бази во Ирак и Авганистан.

Не, навистина е во ред и коректно да се каже дека тоа го изјави во една афектна состојба, испровоциран од советничко прашање, тотално неспремен за одговор. Или навистина планираш таков еден споменик? Имавме прилика изминатиот период да слушнеме што за таа идеја мисли пошироката јавност, мислењата се движеа на релација – вчудоневиденост од тоа што го слушаат до потсмев. На Куманово му требаат споменици, и тоа не само еден туку неколку, Куманово е пребогато со личности кои имаат оставено огромен траг во уметничкиот и општествениот живот на државата. И на крај на ден, ти се фати за KBR? Трагично, не е дури ни смешно, завршува Божиновски.

Коронавирус