петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за промената на Статутот на партијата

Првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за промената на Статутот на партијата

Новите промени во статутот кои денес беа промовирани по ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, според Борис Змејковски биле и повеќе од потребни.

Тој е првиот генерален секретар на партијата и во изјава за КУРИР дава поддршка на промените во Статутот.

Вели дека овие промени биле потребни бидејќи тоа се промените на новото време. Посебно се осврна на тоа дека новиот Статут  предвидува и Унија на ветерани, како и форум на интелектуалци на партијата.

Според Змејковски, со Унијата на ветерани се дава должна почит на оние кои го понесоа првиот товар во Македонија и оние кои се бореа за идеалите на државата и партијата. Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ, вели Змејковски, за многубројното членство значи споделување на заедничката идеологија.

На овој начин ќе се врати Унијата на ветераните и старото партиско членство кои со своето искуство и знаење можат многу да придонесат.

Со новиот Статут, вели Змејковски,  се демократизира партијата и се доведува на ранг на европските партии .

Тој во изјава за КУРИР дава поддршка и за новитетот кој го донесе партијата, а тоа е што се дава можност на членството директно да учествува во изборот на претседатели на Општинските Комитети.

Според него, фактот што секој член ќе придонесува за изборот е позитивен чекор.

Змејковски оценува дека сега гласот на партискиот член ќе биде посилен од било кога. Оваа негова изјава ја темели со измените  кои ВМРО-ДПМНЕ вечерва ги најави, а тоа е дека мандатот на претседателот ќе биде во ограничен број.

Коронавирус