сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 97
home Вести

„Првиот чекор на пратениците на ВМРО ќе биде закон за испитување на потеклото на имотот на политичарите“

„Првиот чекор на пратениците на ВМРО ќе биде закон за испитување на потеклото на имотот на политичарите“

Без оглед дали ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи како владејачка партија или партија која што ќе биде опозиција во парламентот, првиот чекор на кој размислувавме и се уште стоиме на ставот е предлагање на Закон за испитување на потеклото на имот на сите оние лица кои се бават со политика, или во минатото извршувале високи политички функции, ова денеска како одговор на новинарско прашање го истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додава дека ќе бидат испитани и потеклото на имотот на нивните семејства.

-Тоа го зборувавме и во предизборната кампања, а го слушнавме и вчера од Зоран Заев кој рече дека тоа ќе го поддржи, рече Мицкоски.

Коронавирус