среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Први мај го блокираше сообраќајот: Автомобили еден час заглавени на Стража

Први мај го блокираше сообраќајот: Автомобили еден час заглавени на Стража

Загрижени граѓани веќе подолго време се заглавени на Стража, објавува Лидер.мк

Според нив од Стража до последната наплатна рампа во Гостивар има колона од автомобили долга 15 километри.

За време на празниците е зголемен и протокот на возила, а јавното претпријатие за државни патишта ги остава патарините со недоволен капацитет.

Според граѓаните во некои делови од патот кај Стража не може да се престигнува поради полната лента, но несовесни возачи постојано престигнуваат, а полиција нема за да го регулира сообраќајот.