среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 130
home Вести

Првата вакцина ќе ја прими владин функционер, еве за кого се работи

Првата вакцина ќе ја прими владин функционер, еве за кого се работи

Ниту денеска не пристигнаа вакцините од Србија. Се уште не е подготвена потребната документација за транспорт на вакцините изјави за ТВ21, првиот човек на здравството, Венко Филипче. Од министерството не прецизираат на кој датум ќе пристигнат вакцините од Србија. Велат дека преговорите се во тек.

„Во тек се трилатералните преговори во врска со увозот и пуштање во употреба на вакцините кои во Република Северна Македонија треба да пристигнат од Република Србија. Државата и досега увезуваше и ќе увезува вакцини, истиот протокол што важи за другите лекови и вакцини важи и за овој транспорт.“, велат од министерството за здравство.

Прво ќе се вакцинира медицинскиот кадар, хронично болните и повозрасните лица. А првиот функционер кој ќе се вакцинира ќе биде министерот за здравство, Венко Филипче.

Од министерството информираат дека вакцинацијата ќе се спроведува во пунктовите во близина на здравствените домови во земјата, во клиники, болници и други здравствени капацитети.

Коронавирус