сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 35
home Вести

Првата дама иcкористена за измaма: Лaжен профил со името на Елизабета Пендаровска дели по 5000 евра на 100 граѓани

Првата дама иcкористена за измaма: Лaжен профил со името на Елизабета Пендаровска дели по 5000 евра на 100 граѓани

Со отворање лажни профили и фејсбук-страници, измамници организираат непостоечки наградни игри, во кои корисниците треба да искоментираат одредени нешта, на пример првата буква од името или точен збор кој тие го бараат, за да можат да учествуваат.

Овојпат, злоупотребено беше името и на на првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, открива „Скопје инфо“, додавајќи дека страниците кои се креирани пред само неколку часа веќе имаат илјадници фанови, а објавите се споделувани и коментирани до загрижувачки степен.

Под името Елизабета Пендаровска, на социјалните мрежи се ширеше фотографија од сопругата на македонскиот претседател, која наводно ќе подели донации од 5.000 евра на сто граѓани.

Коронавирус