петок, 30. септември 2022. Вести денес: 143
home Вести

Прстен вреден 300.000 денари изгребан на лозот Дијамант

Прстен вреден 300.000 денари изгребан на лозот Дијамант

Инстант лозот Дијамант во полето за гребење крие различни симболи, од нив прстенот и  дијамант може да донесат добивка до 300.000 денари. Гребењето може да биде добра забава ако имаш добро друштво.

Брачниот пар Трајковски живеат во населбата Ѓорче Петров и поседуваат киоск за крофни на плоштад Македононија пред Сити Галери. Во текот на денот се среќаваат со многу луѓе и знаат безброј приказни раскажани во срцето на Скопје. Овој февруари им донесе нивна среќна приказна поврзана со игрите на среќа.

Александра и Цветанчо имаат своја секојдневна убава навика на попладневно пешачење од дома до Сити Мол, каде купуваат инстант лозови. За празниците купуваат поголема количина, а во редовните денови помала. На Цветанчо, февруари му е роденденски месец и верувал дека ќе имаат добивка. Токму на денот на добивката кога Александра тргнала кон Сити Мол, Цветанчо и рекол дека чувствува добивка до 100.000 денари. Александра купила еден лоз Авантура за да му подари на сопругот автомобил, а Цветанчо еден лоз Дијамант за да и подари на сопругата прстен или дијамант. Гребеле истовремено, им било забавно коментрирајќи и откривајќи го следниот симбол, или сума. Цветанчо уште во првото поле на Лозот Дијамат, кое го изгребал открил симбол прстен кој мислел дека носи 30.000 денари, но откако го изгребал целосното поле се открила уште една нула.

Брачниот пар Трајковски ќе продолжат да гребат за автомобил, но за сега се пресреќни со прстенот вреден 300.000 денари на инстант лозот Дијамант. Веќе ја споделија својата радосна вест со сите блиски и пријатели и го почестија и друштвото.

„Ова ни е прв пат во животот да добиеме нешто без труд “- ни кажа Цветанчо и ќе продолжиме да шетаме и гребеме, тоа е наша навика за здравје и забава, а и среќа. Ако не веруваш и не играш, не можеш ни да добиеш.

Коронавирус