вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 64
home Вести

Мегафоните злонамерно долго ја најавуваа средбата во куќата на Жан Моне, која не се случи како што и најавуваше ВМРО-ДПМНЕ

Мегафоните злонамерно долго ја најавуваа средбата во куќата на Жан Моне, која не се случи како што и најавуваше ВМРО-ДПМНЕ

Средбите меѓу претставници на парламентарните партии од македонското Собрание во рамки на процесот „Жан Моне“ се одложени за март. Првично, според најавите од дел од провладините медиуми, но и одредени новинари и аналитичари требаше да се одржат во куќата на Жан Моне во близина на Париз на 25 и 26 јануари.

Претседателот на Парламентот Талат Џафери за МИА вели дека средбите се одложени за март во договор со европратениците кои ја дадоа иницијативата за разговори на пратениците од власта и опозицијата во куќата на Жан Моне, по инцидентот во Собранието на 27 април.

Темите за кои што требаше да се разговара на средбите во рамки на процесот „Жан Моне“ беа реформските закони кои треба да се донесат со консензус, за законите за кои треба двотретинско мнозинство, нов Деловник за работа на Парламентот и етички кодекс за пратениците.

Иако процесот беше долго најавуван од страна на медиумите блиски до власта и одредени аналитичари, сепак истиот не се случува според нивните најави.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со процесот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на 9-ти јануари пред Собранието рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена со процесот што би требало да се одржи во Париз, во куќата на Жан Моне.

-За таков процес не сме информирани, ниту имаме официјална покана, ниту ја имаме содржината и намената на овој процес. ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена ниту со датумот, ниту со целта, ниту со содржината за евентуално одржување на тој процес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус