сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 31
home Вести

Провала во домот на Вело Марковски- се обидува ли власта да изврши политички притисок и заплашување?

Провала во домот на Вело Марковски- се обидува ли власта да изврши политички притисок и заплашување?

КУРИР дознава дека вчера маскирани лица влегле во домот на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски се со цел да извршат кражба.

Според нашите информации во семејниот дом на Марковски вчера се обиделе да влезат неколку лица за да извршат кражба.

Во тие моменти дома биле неговата сопруга и малолетно дете, а за среќа не е причинета никаква материјална штета.

Случајот е пријавен и во полиција.

Ваквото разбојништво доаѓа веднаш откако Марковски е поставен за нов член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали ова е форма на политички притисок и заплашување од страна на власта, останува да видиме.

Инаку ова не е прв пат некој да сака да влезе во домот на Марковски, тоа се случувало и во минатото.

Коронавирус