вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

Протоколот за едукативните центри денеска на Влада, за игротеките готов до следниот состанок на Комисијата

Протоколот за едукативните центри денеска на Влада, за игротеките готов до следниот состанок на Комисијата

Протоколите за работа на едукативните центри ќе бидат разгледани на денешната владина седница, а протоколот за игротеките се очекува да биде готов до следниот состанок на Комисијата за заразни болести.

– Донесени се протоколите за едукативните центри и денеска поминуваат на седница на Влада. Протоколи за функционирање добија и училиштата за деца со посебни потреби со оглед на тоа што анализата покажа дека се работи за мал број на деца во огромни училишни простории, рече Филипче на прес-конференцијата во Владата.

Протоколот за работа на игротеките, како што посочи, се работи во координација со претставници на игротеките. (МИА)

Коронавирус