четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 171
home Вести

Протести против зголемување на цената на електричната енергија

Протести против зголемување на цената на електричната енергија

Граѓаните во Скопје, трет пат по ред излегуваат на протест, а протести се одржаа и во Тетово, Куманово, Гостивар, Кичево , Прилеп и Битола.

Едни пеш, други со автомобили. Со транспаренти „ДОСТА Е!“ и силни свирежи граѓаните во Скопје, втор пат по ред излегуваат на протест. Со блокирање на крстосниците кај Мавровка и Палома Бјанка, порачаа дека не сакаат поголеми сметки за струја за 7,4%.

Организаторите на протестите побараа поефтина струја за 46%, ДДВ-то да падне на 5%, распуштање на Регулаторната комисија и национализација на дистрибутивната мрежа.

„Јавните претпријатија даваат образложение дека претрпеле штети во време на кризата. Па зашто не се запрашаат како граѓаните го преживуваат овој период. Не може нешто ако не му оди на некое јавно претпријатие, ја кажувам има таму неспособни кадри, еве сега Владава нова треба да стави кадри којшто ќе бидат одговорни, не може секое нивно недомаќинско работење да се удира се врз грбот на граѓаните.“

Вчера истече рокот од 10 работни дена, во кој граѓаните побараа да се повлече одлуката за повисока цена на струјата од 7,4%. Велат дека ќе продолжат да го искажуваат револтот на улиците, се додека надлежните не ги исполнат нивните барања.

Освен на двете локации во главниот град, граѓаните на протест излегоа во повеќе градови низ државата.

Коронавирус