среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Протести против промена на името пред Собранието, протестирачите му дадоа поддршка на Иванов

Протести против промена на името пред Собранието, протестирачите му дадоа поддршка на Иванов

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името и вечерва се одржа протест пред Собрание на Република Македонија.

Демонстрантите потоа се упатија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, за да му дадат поддршка.

– Нема компромис. Едно име имаме. Македонија, извикуваа демонстрантите пред резиденцијата на Иванов.

Тие го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да се одважи и не се плаши, порачувајќи му дека ќе го бранат, како што тој ги поддржува.

Демонстрантите велат дека договорот за името со Грција е штетен и дека не смее да се преговара за името.

На демонстрантите не им беше дозволено да се качат до резиденцијата, полициски кордон застана пред нив и тие се собраа на крстосницата пред претседателската резиденција.

Коронавирус