среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Протести против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот

Протести против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот

„Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот.

Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност.
СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протести со возила на територија на Град Скопје, и општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола утре вторник 20.10.2020 година со почеток во 18:30 часот. Протестот со возила на територија на Град Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат на протестот против криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот. Ова самоволие на власта мора да прекине!“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус