петок, 3. април 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Демонстрантите“ на Заев, не знаат за што маршираат (ВИДЕО)

„Демонстрантите“ на Заев, не знаат за што маршираат (ВИДЕО)

Огромни притисоци се вршат врз вработените во администрацијата, но и врз други категории на граѓани за да присуствуваат на вечерашниот марш „За правда“ во организација на власта на СДСМ. Според информациите на дел од медиумите констатирани се повеќе злоупотреби на раководните позиции на локално и централно ниво преку кои се спроведуваат притисоците и заканите.

Дополнително на ова и изјавите на граѓаните дадени за националната телевизија АЛФА ТВ го потврдуваат тоа, па така речиси и не знаат за што се дојдени на денешниот марш.

На поставеното прашањето за што ќе се говори на денешниот марш, за каква правда, дали ќе се говори за бегството на убиецот на Мартин Нешкоски, еден од присутните вели:

Јас сум 40 години државен службеник. Сакам сите пристојно да живеат. Јас тоа не го разбирам, јас сум по занимање геометар. Мојата цел е само да ја поддржам власта за тоа сум овде, вели тој.

Додека пак некои од граѓаните сметаат дека овој марш ќе ги однесе директно во Европската унија, други не сакаат да говорат пред камерите на АЛФА ТВ со коментар дека не ја се гледаат таа телевизија затоа што не ја сакаат.

За потсетување овој марш вчера го најави претседателот на СДСМ Зоран Заев, откако вчера собранието и парламентарното мнозинство на СДСМ од „ втора мајка“ го изгласаа законот за Јавно обвинителство кршејќи ги деловникот, Уставот и законските процедури.

Коронавирус