сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 9
home Вести

Протест во Скопје: Демонстрантите за слобода на пратениците и против промена на името

Протест во Скопје: Демонстрантите за слобода на пратениците и против промена на името

Стотина граѓани денеска го блокираа центарот на Скопје, во знак на револт од одлуката за притвор на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април. Со зурли и тапани тие го започнаа собирот пред Соборниот храм, упатувајќи се кон седиштето на ЕУ инфо центарот.

Роднините, пријателите и поддржувачите на притворените, порачаа дека тие ја бранеле државата и уставниот поредок.

Голем број присутни беа дојдени од Вевчани, за поддршка на пратеникот, Крсто Мукоски кој повеќа од 2 месеца е во притвор. Демонстрантите во знак на поддршка попладнево беа облечени во маички со неговиот лик и носеа транспаренти на кои беше испишано „Слобода за Мукоски“.

Демонстратите исто така, на протестот упатија барање до медијаторот Нимиц да ја пренесе пораката во ОН за несогласување, за како што рекоа, да се откажат од основното право и слобода да бидат тоа што се – Македонци.

Макфакс

Коронавирус