четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

ПРОТЕСТ ВО САБОТА: Луѓе умираат, Филипче и Заев летаат со хеликоптери и возат мотори наместо да обезбдедат вакцини

ПРОТЕСТ ВО САБОТА: Луѓе умираат, Филипче и Заев летаат со хеликоптери и возат мотори наместо да обезбдедат вакцини

Денес починаа 35 лица, на денот кога имавме 51 погреб поради корона вирусот. 86 лица починаа за два дена. Овие луѓе немаше да бидат починати доколку Зоран Заев и Венко Филипче наместо да возат мотори и летаат со хеликоптери обезбедеа вакцини. Но, ним поважни им беа провизиите за вакцини од обезбедувањето вакцини за спас на животите на граѓаните на Македонија, велат од Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

-Над 4.000 луѓе ги загубија животите, додека нашата власт не успеа да набави ниту една вакцина. Филипче и Заев се директно виновни за целиот хаос кој што се случува во болниците, со заболените, со починатите и нивните фамилии. Ова е огромен срам. Срамот треба да се измие. Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе протестира во сабота во 11 часот пред изворот на проблемите, Министерството за здравство, додаваатод таму.

Коронавирус