вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 23
home Вести

Протест во Гостивар: Немаме ни за леб и вода, а не пак струја да платиме

Протест во Гостивар: Немаме ни за леб и вода, а не пак струја да платиме

Попладнево во Гостивар пред објектот на ЕВН се одржа вториот протест против поскапувањето на струјата, јавува Гостивар прес.

Ова се манипулации и лаги од Владата. Го лажат народот, само за да седнат во фотелја. Кога ќе седнат ништо не мислат на народот. Не можеме да излеземе на крај со плаќање на сметките, земам 200 евра пензија, а 10 луѓе сме дома со две мали деца. Не стасуваат парите ни за леб и вода, а не пак струја да платиме, вели еден од учесниците на протестот, пренесува Гостивар прес.

Протестот го поддржа градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Во време на пандемија државата треба да им помага на граѓаните, а само кај нас се случува парадоксална ситуација државата да ја поскапи струјата и тоа не е во ред, изјави Таравари.

ФОТО: ГОСТИВАРПРЕС

Коронавирус