четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Протест во фабриката на претседателката на Стопнаската комора во Прилеп

Протест во фабриката на претседателката на Стопнаската комора во Прилеп

Вработените во фабриката Комфи Ангел од Прилеп денес излегоа на протест.

Протестот во фабриката која се занимава со производство и продажба на јоргани, перници, заштитници за душеци го поддржаа речиси сите вработени во фабриката.

Причината за протестот е третата смена во фабриката. Според она што го велат вработените ноќната смена во фабриката започнува во 10 часот навечер во недела, а завршува во 6 часот наутро во понеделник со што на вработените им се исплаќаат само 2 часа прекувремена работа за викенд наместо 8 каква што е реалната работа.

За иронијата да е уште поголема фабриката е во сопственост на Ирена Јакимовска која е претседател на Стопнаската комора за Прилеп и важи за многу блиска до актуелната власт.

Неодамна таа заедно со Зоран Заев имаа скандалозна изјава во која посочија дека Македонија се соочува со огромен недостаток на работна сила па алудираа на носење на работници од странство.

Од јавноста ваквата изјава на Јакимовска и Заев беше протолкувана како отворање на врата за илјадници мигранти од блискиот исток.

„Во однос на оперативната работна сила разговаравме за можноста на увоз на работна сила од други земји“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална Стопанска комора Прилеп.

„Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер. Тие дебати се отворени во Владата“, изјави тогаш Заев.

Очигледно е дека Македонија нема проблем со недостаток на работна сила, туку работодавци кои не сакаат да им го исплатат на вработените во државата па тие мораат среќата да си ја бараат надвор од државата.