понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Протест во Бутел: Граѓаните бараат поликлиника

Протест во Бутел: Граѓаните бараат поликлиника

Со блокирање на главната крстосница жителите на Бутел го изразија своето незадоволство зошто биле единствена општина без поликлиника.

Тие велат дека градоначалникот го заборавил ветувањето оти ќе се направи ваква здравствена установа.

– Нашата општина е единствена општина која на територија на град Скопје нема поликлиника, а моменталната амбуланта е во тотален распад како што можете да видите и на фотграфиите во прилог. Оваа амбуланта која опслужува над 60.000 жители како од нашата општина така и од соседните општини нема ни основни елементарни услови а камо ли граѓаните да извршуват здравствени услоги. Повеќе од година дена и можноста за лабароторија која ја обавувавме во оваа амбуланта ја нема. Во услови на светска пандемија и една од општините со константен број на новозаболени и секогаш при врвот на болни од Ковид-19 ние немаме можност за обавување на здравствените потреби. Секој жител на општина Бутел е приморан да ја напушти општината доколку има потреба и од основните здравствени услуги – велат иницијаторите на протестот.

Според протестирачите, засеганати се околу 60.000 граѓани. Велат дека во руинираната амбуланта се вршат лабораториски услуги.

Коронавирус