недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев во 18:30 часот

ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев во 18:30 часот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека партијата продолжува со протестите.

Народот денес ќе излезе на улица во 18:30 часот на протестот најавен како ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

Еве како Мицкоски го најавува протестот:

Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта?

Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија?

Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев

Кога критички новинари се тепаат

Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата

Кога за убиство во сообраќајка се добива само условна осуда

Кога медиуми се напаѓаат, етикетираат, прогласуваат за “државни непријатели” за да се уценуваат нивните сопственици

Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види

Кога обвинителството е ревносно за опозицијата која критикува, а преспива огромни и еклатантни случаи на криминал

Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија

Кога мафијата станува држава, а ВМРО-ДПМНЕ им е трн во око, затоа што мафијата сака да контролира две партии

Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат

Кога судството го штити криминалот

Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово

Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард

Одговорот е ПРОТЕСТ.

ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

Среда во 18.30 часот, од министерството за (не)правда до Основен суд 1.

За правда која ќе стигне до сите, безусловно.
Се гледаме!

КУРИР протестот ќе го пренесува протестот во живо.

Коронавирус