петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 229
home Вести

Протест пред Владата, шарените протестираат и бараат одговорност и оставки за бегството на Груевски

Протест пред Владата, шарените протестираат и бараат одговорност и оставки за бегството на Груевски

Денеска пред Владата се одржа протест кој што го сочинуваа познати граѓански активисти кои што во голем дел беа дел од ,,шарената револуција’’. Довчерашните  поддржувачи на политиките на власта  се незадоволни како што велат од бегството на Никола Груевски. Тие со транспаренти ,,Нема правда, нема мир или заборавивте’’, ,,Вратете го, го сакаме’’, ,,Одговорност’’, ,,Немојте пред народот’’, демонстрираа и побараа одговорност од Владата за бегството на Никола Груевски.

Активистите се организирале преку Фејсбук и другите социјалните мрежи, а протестот беше закажан во 18 часот. Откако ќе заврши протестот тие најавија дека своите пароли ќе ги достават до Владата.

Пред насобраните незадоволни граѓани се обрати Здравко Савески кој порача дека министерот Оливер Спасовски мора да си поднесе оставка.

– Она што не собра е револтот и сите сме бесни за она што претпоставуваме дека се случи, а тоа е дил помеѓу корумпираните елити, и овозможување криминалецот Никола Груевски да избега. Некој мора да сноси одговорност, дали во судството дали во МВР. Спасовски дури и да нема политичка одговорност, има морална одговорност да си поднесе оставка, бидејќи или се неспособни да го задржат во земјата или му овозможиле да избега. Поради тоа, мора да поднесе оставка, вели тој.

Коронавирус