недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Протест пред Собрание, граѓаните децидни: Остануваме тука за одбрана на македонското име, идентитет и историја

Протест пред Собрание, граѓаните децидни: Остануваме тука за одбрана на македонското име, идентитет и историја

Точно напладне здруженијата „Tврдокорни” и ,,Македонија блокира“ го започнаа протестот пред Собранието на Република Македонија, каде треба да се одржи пленарната седница за третата и последна фаза од уставните измени.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Протестот како што велат организаторите ќе трае до полноќ.

Од „Тврдокорни“ и „Македонија блокира“ истакнуваат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.

Имено, собраниската седница за уставните амандмани е пролонирана за 16 часот, извести претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој не ја посочи причината за одложувањето на седницата.

Коронавирус