четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 4
home Вести

Протест пред МОН, против дигитализација на учебниците (ВИДЕО)

Протест пред МОН, против дигитализација на учебниците (ВИДЕО)

Откако министерката Мила Царовска одби да се сретне со претставници од иницијативата „Учебници и настава мора да има”, за денес се најавени протести во повеќе градови во Македонија.

Со почеток од 12 часот, протестот во Скопје ќе се одржи пред Министерството за образование и наука, додека во другите градови, родителите и учениците ќе протестираат пред општините.

На социјалните мрежи деновиве реагираа ученици, наставници и родители дека се вршат притисоци за да не се излезе на протестот. Директорите на голем број од училиштата претходно бараа и списоци од кои ученици ја бојкотираат наставата. Во некои училишта, класните раководители се заканувале со намалено поведение за оние кои покажуваат отпор на образовните реформи.

И покрај силните реакции од јавноста и незадоволството, министерката Царовска не отстапува од својата идеја, при што континуирано обвинува дека се работи за „мали групи на партиски ботови” кои се спротиставуваат на промените.

ЕУРО 2020

Македонија