понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 21
home Вести

ПРОТЕСТ ПРЕД МНР ВО 15 ЧАСОТ: Доста е од тајните преговори со Софија, јавноста има право на отчетност

ПРОТЕСТ ПРЕД МНР ВО 15 ЧАСОТ: Доста е од тајните преговори со Софија, јавноста има право на отчетност

ВМРО-ДПМНЕ денеска во почеток во 15 часот ќе одржи протест пред Министерството за надворешни работи.

Според најавите протестот ќе трае до 17 часот.

-Утре на протест пред МНР, од 15 до 17 часот. Доста е од тајните преговори кои во Софија ги води другарот на Заев, Бучковски, за дополнителни анекси на штета на Македонија. Јавноста има право на отчетност на владините министри пред јавноста и Собранието за сите битни надворешно-политички прашања, напиша на Фејсбук Антонио Милошоски.

Во изминативе три дена партијата организираше блокади на раскрсници во Скопје и 10 градови ширум Македонија.

ЕУРО 2020

Македонија