недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Вести

Протест на Здружението на увозници на возила

Протест на Здружението на увозници на возила

Денес пред царинската управа се собравме со една цел,да се намали сумата за царина или Цо2 данок. Ова е неиздржливо давачките се покачени тродупло кај одредени возила.Ние како увозници со фирми не бевме ни прашани за мислење околу законот. Многуима од нас имаат вложено сериозни суми во оваа работа. Купување на плацеви, возила за транспорт, инвентари, машини и што се уште не.

Имаме по 2,па и до 10 врабоетни минимум во секоја фирма кои егзитенцијата ја вадат од оваа работа. Ако продожи овој закон може само да го распорадеме сегашиот лагер на возила и да ставиме клуч на нашите фирми. И ние како граѓани на оваа држава сакаме да дишеме чист воздух ,не сакаме да увезуваме стари возила од 20 години, туку сакаме да увезуваме возила кои се стари по 10 години или во превод Евро5 и Евро6 стандардо и бараме да се укине ЦО2 данокот за нив и да се намали акцизата на овие возила за да може едно нормално македонско семејство да си дозволи возило од овој тип.

Нека не ве залажуваат дека поновите возила ке поевтинат и тие се мета на овие енормно зголемени давачки исто колку и постарите евро4 возила. Ќе земеме за пример најпопуларното возило кај на VW Golf 6 кое е Eвро5 стандард(еколошки прифатливо за цела европа) царината е покачена за цели 500-600 евра. Единствено ослободени од давачки се целосно електричните возила кои и онака чинат 100000 евра и се надвор од домет на македонскиот граѓанин. Ќе ви кажат и дека возилата над 31000 евра била намалена давачата ,па добро запрашајте се колку луѓе во Македонија можат да си дозволат ваков автомобил. Државниот буџет имаше и има поголема корист да остане стариот закон бидејќи само лани се увезени 40000 возила,оваа година со овие давачки таа бројка нема да надмине 10000 возила.

Со оваа зголемена давачка едиствено нешто што ке придонесе е да се возат старите возила кои и онака загадуваат 3 пати повеќе од поновите кои ние би можеле да ги донесеме на пазарот. Ова е мерка за полнење на буџетот на царинската управа,а празнење на џебот на Македонскиот граѓанин. Нашиот предлог-решение ќе придонесе и до поголем број на еколошки возила и поголем буџет на државата.

Интегрален текст од соопштението на Здружението на увозници на возила