среда, 2. декември 2020. Вести денес: 183
home Вести

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Европа“

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Европа“

Не може во Европа со криминални тендери, не може во Европа со крвави иновации, таму такви не примаат, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш во Кочани.

-Во Европа не примаат фамилијарни кланови каде брат на брата парцели дава, за да млати милиони. Такви примери во Европа нема. Прво треба тоа да го промениме, а потоа да работиме пет пати повеќе и тогаш ќе отидеме во Европа. Со подвиткана кичма и изгубено достоинство, пљачка и криминал, Европа не нè сака. Тоа треба на сите да им е јасно. Па дури и да се промениоме скроз, не само името, комплетно да се промениме, ако не успееме ова да го поништиме, ние во Европа не можеме да отидеме. Треба тоа на сите јасно и гласно да им се каже. Мора да работиме. Мора чесно, одважно, достоинствено да работиме. Мора да сме принципиелни и честити. Само такви во Европа ќе отидеме како горди Македонци од Македонија, а не понижени и омаловажени од овие лопови, од овие криминалци, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со Влада во која има криминалци, Македонија не може да влезе во Европа.

-112-то место сме на скалата според перцепција на корупцијата. Танзанија и Етиопија се позади нас. Зарем така во Европа ќе одиме? Секаде во Европа државата се бори против криминалот, само во Македонија криминалот и криминалците се држава. Мора да ги избркаме од Владата ако сакаме во Европа.  Дури тогаш можеме да одиме напред, порача Мицкоски.

Коронавирус